• Иван Димовски
Фудбалерите на Рома славеа на гостувањето кај Ренџерс во Глазгов (0-2) во рамките на четвртото коло на Лигата на Европа. Италијанскиот фаворит беше надмоќен и уште во првиот дел го реши прашањето за победникот во Шктоска. Матијас Суле го отвори резултатот во 13. минута, а по него пред паузата погоди и Лоренцо Пелегрини.
- Ренџерс - Рома 0-2:
Во вториот дел резултатот не се менуваше, а дваесетина минути против „волчицата“ доби и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, но немаше учинок.
Во една од поатрактивните пресметки Бетис го совлада Олимпик Лион дома со 2-0 (2-0). Слично како и во Глазгов, двата погодоци паднаа во првиот дел. Прво за Шпанците погоди Езалзули по половина час игра, а потоа удвои ѕвездата Антони кој блеска во Бетис. До крајот немаше резултатски промени и Шпанците впишаа втора победа, нанесувајќи му го првиот пораз на Лион.
- Бетис - Лион 2-0:
Астон Вила ја доби драматичната пресметка против Макаби Тел Авив со 2-0. Не беше средбата резултатски драматична, туку имаше увертира со забраната за навивачи од Израел кои предизвикаа хаос. Победата на англискиот тим му ја донесоа Иан Матсен и Донел Мален.
- Астон Вила - Макаби Тел Авив 2-0:
На останатите терени Болоња се сопна против Бран (0-0), Генк слави во најефикасниот меч вечерва во Брага (3-4), ПАОК го декласира Јанг Бојс (4-0), Штутгаарт слави против Феенорд (2-0), Ференцварош го победи Лудогорец (3-1), а Викторија Плзен му одолеа на Фенербахче (0-0).







