• Иван Димовски
Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски го постигна премиерниот гол во дресот на Глазгов Ренџерс во шкотската Премиер лига.
Штипјанецот стрела за предност на Ренџерс на гостувањето кај Фалкирк во 41. минута од првиот дел.
Ова е втор погодок за Миовски во дресот на Ренџерс. Досега македонскиот репрезентативец погоди во Лига купот против Хиберниан, а ова му е вкупно седми настап на сите фронтови.
Овој гол е добредојдена вест и за селекторот Благоја Милевски, бидејќи за понеделник е закажан собирот на репрезентацијата на Македонија пред двата квалификациски дуели за Мундијалот против Белгија и Казахстан.




