ВИДЕО: Миовски даде супер-гол, но она што го направи негов соиграч е реткост во фудбалот!

Екипата на Абердин приреди сензација во шкотскиот фудбал. Славниот островски клуб со 2-0 го совлада големиот Глазгов Ренџерс, а еден од творците на головите беше Бојан Миовски.

Македонскиот репрезентативец даде ефектен гол со глава, но она што го направи негов соиграч е реткост во фудбалот! Имено, само што започна вториот дел, левиот бек на Абердин, Лиам Скејлс, украде топка по левата страна и од огромна далечина погоди во гостинската мрежа. 24-годишниот ирски ас најверојатно сакаше да центрира, но на крај постигна супер-атрактивен гол.

  • Голот на Лиам Скејлс против Ренџерс:

За Миовски пак, ова беше шеснаесетти гол во шкотската Премиер лига, во 33. натпревар за Абердин.