Миовски: Целам да сум меѓу најдобрите, ја сонувам и англиската Премиер лига!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски пристигна во Шкотска и го задолжи дресот на Абердин со погодок во Лига Купот. По одличниот старт и првенецот за само шест минути, нашиот репрезентативец се најде во фокусот на медиумите.

Новата „деветка“ на Абердин вели дека цели да биде најдобриот напаѓач во шкотската елита, истовремено посакува и трансфер во Премиер лигата, знаејќи дека Шкотска е добар извозник на играчи на Островот.

„Има многу млади играчи кои играат овде. Сакав да дојдам во клуб во кој ќе можам да напредувам и мислам дека ја направив вистинската одлука со Абердин. Секој напаѓач сака да биде број еден во лигата. Па, ако дадам десет до петнаесет гола, се надевам дека ќе бидам барем во топ-3 играчи. Знам дека овој клуб продава играчи во Премиер лигата во Англија, па тоа е нешто кое го сакам во иднина“, изјави Миовски.

Миовски пристигна во Абердин од редовите на унгарски МТК, а трансферот дојде по одличните партии во дресот на Македонија.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.