ВИДЕО: Минута по минута, година по година - кој е поголема гол-машина Меси или Роналдо?

Два фудбалски вонземјани и деновиве се главна тема во кулоарите, медиумите, навивачите. Меси и Роналдо и во осминафиналето на Лигата на шампионите беа најзаслужни за победите на своите екипи. 

Двајцата цела една деценија водат мртва трка и по бројот на голови во стие натпреварувања. И Аргентинецот и Португалецот неколку пати беа „Златна копачка“, „Пичичи“, најдобар играч, МВП и безброј други признанија.

Шпанските медиуми изработија прекрасен видео приказ за бројот на голови и развојот со текот на годините на најдобрите стрелци во последната деценија: Роналдо, Меси, Агуеро, Левандовски, Игуаин, Суарез, Руни и Бензема.

Погледнете како се развиваше формата на најдобрите светски стрелци: