ВИДЕО: Минута молк за сите навивачи на Леверкузен кои не ја дочекаа историската титула

Баер Леверкузен за првпат во својата клупска историја стигна до шампионската титула во Бундеслигата, и тоа на спектакуларен начин, без ниту еден пораз во текот на целата сезона. 

„Фармацевтите“ предводени од Чаби Алонсо беа непобедливи и на моменти делуваа застрашувачки за противниците, а навивачите се презадоволни од успехот и со огромна прослава ја крунисаа успешната сезона. 

На натпреварот од последното коло против Аугсбург, фановите решија да оддадат почит на сите оние што го напуштија овој свет и не го просведочија огромниот успех на своите миленици, а тоа се случи со едноминутен молк точно во 19:04 минута. Оваа бројка неслучајно беше избрана, затоа што тоа е годината на формирањето на клубот (1904), па на овој начин беше укажана почит за сите поранешни искрени навивачи на клубот. 

За потсетување, Леверкузен ја комплетираше сезоната со учинок од 28 победи, шест нерешени средби и ниту еден пораз, нешто што не му успеало на ниеден друг клуб во историјата, па дури ни на големиот Баерн Минхен

Состави

Чаби Алонсо

3-4-3

    Jess Thorup

    4-4-2