Министерството за економија со признание за Град Скопје за организацијата на Суперкупот

Фудбалската федерација на Македонија доби специјално признание од Министерството за економија на Република Македонија по повод Светскиот ден на туризмот - УЕФА Суперкупот, Скопје 2017 е најуспешно организираниот настан.

По повод Светскиот ден на туризмот, министерот за економија, Крешник Бектеши покрај признанието за Фудбалската федерација на Македонија додели плакети за најуспешните туристички работници здруженија и деловни субјекти од туристичкиот сектор.

„Во Европа позитивно се гледа на македонскиот спорт и нашиот фудбал и се надеваме дека нашите резултати и успеси многу повеќе ќе се ценат и вреднуваат од страна на јавноста и општеството воопшто. Суперкупот - Скопје 2017 е најголемиот настан кој нашата држава го организираше, за нас тој настан секогаш ќе буди посебни емоции и секогаш со гордост ќе се сеќаваме на моментите од 8 август 2017 година. Благодарност до Министерството за економија за признанието, ние како Федерација секогаш ќе се трудиме да ја промовираме нашата држава во европски и светски рамки“, изјавија Дрилон Ганиу, заменик генерален секретар во ФФМ и Жарко Игњатовски, менаџер за фудбал во ФФМ. 

Овој настан важи за најдобро организиран спортски настан во нашата земја и најдобар УЕФА Суперкуп во историјата.