Минимална победа за Вардар во градското дерби со Работнички 

Македонските прволигаши кои несреќно остана без европски натпревари ова лето, Работнички и Вардар со меѓусебен натпревар ги започнаа своите подготовки за следните предизвици во ПМФЛ. 

Поради силниот дожд, тестот меѓу скопските ривали беше префрлен од игралиштето во Аеродром на тренинг – базата на Вардар, а по 90 минути игра поуспешни беа „црвено-црните“ победувајќи со минимални 2-1. 

Аврамовски од пенал и Ибиши беа стрелци на головите за Вардар, откако првото полувреме заврши без погодоци, додека за Работнички стрелаше Марко Клисура.

Вардарци својата главна фаза од подготовките ќе ја одработат во Словенија, додека Работнички формата ќе ја темпира во Банско, Бугарија.