• Саше Љолес

Македонскиот прволигаш Шкупи одигра нов контролен натпревар во пресрет на почетокот на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ и денес минимално загуби од казахстанскиот тим, Каисар (0-1).
За чаирчани ова беше четврта пријателска средба периодов, а претходно победија против украинскиот Верес (4-2) и Септември Софија (2-1). Првиот пораз во текот на зимските подготовки го забележаа во дуелот со екипата на Полонија (0-2).
Шкупи се враќа на терените во Македонија на 16 февруари, за кога е закажан натпреварот против Работнички на домашен терен.