• Иван Димовски
Македонските фудбалски клубови почнаа да се подготвуваат за новата сезона во ПМФЛ и ВМФЛ која стартува за околу еден месец, па веќе играат пријателски натпревари.
На тест во Струга екипата на Воска Спорт загуби минимално од екипата на Елбасан од Албанија (0-1). Тимот од Охрид не реализира пенал против албанскиот ривал.
Реми со по еден погодок одиграа македонскиот прволигаш и второлигаш Силекс и Башкими (1-1). Убедлив пораз запиша екипата на Детонит Плачковица во пресметката со Трајал Крушевац (0-4).
Висока победа во локалното дерби запиша Пелистер против Новаци (5-0). Стрелци за повратникот во елитата беа Ивановски, двапати Спиркоски, Масевски и Керим.