• Саше Љолес

Баер Леверкузен продолжува со победите во Бундеслигата и славеше со минимални 1-0 (0-0) над Мајнц 05 во натпреварот од 17. коло.
- Баер Леверкузен - Majнц 1-0:
Стрелец на единствениот погодок за „фармацевтите“ беше Алехандро Грималдо, кој ја затресе мрежата во 48. минута и донесе три бода со кои тимот останува на втората позиција на табелата. Гостите беа во подредена улога во најголем дел од натпреварот, но имаа четири обиди во голот на Баер Леверкузен, од кои ниту еден не беше успешен.
Баер Леверкузен заостанува еден бод зад Баерн Минхен, но Баварците имаат и меч помалку.
- Ајнтрахт Франкфурт - Фрајбург 4-1:
Ајнтрахт Франкфурт го совлада Фрајбург со високи 4-1, а Волфсбург беше уште поубедлив и го здроби тимот на Борусија Менхенгладбах со убедливи 5-1.