ВИДЕО: „Минималец“ за Гостивар и Шкендија, Арсими е хитот во Купот

Екипата на Гостивар со конечни 1-0 го надигра тимот на Брегалница Штип и се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија.

  • Гостивар - Брегалница Штип 1-0: 

Автор на триумфот беше Иван Ивановски, кој биеше прецизно после седумнаесет минути игра во второто полувреме. Гостите од Штип имаа две солидни шанси во вториот дел, но не успеаја да израмнат и да приредат големо изненадување. 

Тетовска Шкендија обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако минимално славеше над Шкендија од Арачиново со конечни 1-0. Стрелец на единствениот погодок беше Фитон Адеми во 73. минута, сосема доволен за победа и пласман меѓу осумте најдобри во најмасовното домашно натпреварување.

  • Брера Струмица - Беса 1976 2-0: 

Брера Струмица во финишот од натпреварот го скрши отпорот на Беса 1976 и славеше со сигурни 2-0. Головите пристигнаа во 84. и 93. минута, а стрелци беа Даниел Миловановиќ и интернационалецот од Уганда, Роџерс Мато. 

Екипата на Арсими со 3-1 го надигра прволигашот Воска Спорт и го донесе едно од поголемите изненадување во осминафиналната фаза од Купот на Македонија. Авдули Џезаир, Зеќири Рихан и Рамадани Аљбин погодија за амбициозниот второлигаш, единствен стрелец за охриѓани беше Томас Ларсон.