ВИДЕО: Минималец од пенал за „златни“ три бода за Силекс против Работнички

Силекс и Работнички целосно разочараа во дуелот во Кратово во рамките на 29. коло, па единствена вистинска емоција беше голот од пенал на домаќините со кои ги освоија бодовите (1-0).

Дуелот започна со многу грешки, серија на грубости и жолти картони на Пеев и Петровиќ. Подобриот централен дел домаќините може да го искористат, но ударот на Дурански за малку заврши крај дирекот.

Дебармаалци возвратија преку Шаркоски, на кого во 31. минута му недостигаше реализација за гостинско водство. Малкубројната публика остана разочарана од прикажаното во нервозниот прв дел.

На почетокот од вториот дел Лазаревски го внесе Чинеду на местото на Колумбиецот Херера и гостите тргнаа по трите бода. Но, при една офанзивна акција на скопјани, Силекс улови контра напад и Рајковиќ беше срушен во казнениот простор на Работнички. Гостите протестираа, но судијата Мечкаровски беше неумолив. Пеналот во гол и значајни три бода го претвори поранешниот фудбалер на Брегалница, Бобан Ѓорѓиев (1-0). 

Лазаревски ги внесе Блажевски и Фазлију, a кратовчани збркано, но храбро го сочуваа минималното водство и победата. Во судиското надополнување гостите ревносно протестираа, барајќи најстрога казна по стартот на двајца домашни фудбалери врз Илијоски, но овој пат судиите не се огласија. 

Со овие три бода екипата која ја води Симов прави голем исчекор кон опстанокот и бега од последните две места кои директно водата во ВМФЛ. 

>>> ПОВРЗАНО - Жестоки протести во Кратово: Работнички „ограбен“ за пенал? (ВИДЕО)

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкендијаШкендија 35 24 7 4 78:26 52 79
2 ВардарВардар 35 17 12 6 44:22 22 63
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 35 17 6 12 44:34 10 57
4 РаботничкиРаботнички 2 35 13 7 15 42:47 -5 46
5 ШкупиШкупи 1 35 12 9 14 38:41 -3 45
6 РеноваРенова 1 35 11 11 13 50:47 3 44
7 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 35 11 11 13 42:49 -7 44
8 СилексСилекс 35 10 11 14 25:38 -13 41
9 БеласицаБеласица 35 9 11 15 36:47 -11 38
10 ПобедаПобеда 35 6 5 24 25:73 -48 23