• Иван Димовски
Фудбалерите на Рен славеа во првиот меч од 14. коло на Лига 1 на гостувањето кај Мец со минимални 0-1.
- Извештај од натпреварот:
Овој резултат го одведе тимот на Рен до местата кои водат во елитното европско натпреварување, бидејќи барем привремено ќе биде четвртопласиран, позиција која води во квалификациите за Лигата на шампионите.
Натреварот на „Стад Сен Симфориен“ понуди еден погодок, а од стартот гостите беа подобар ривал. Тоа го крунисаа со гол за 0-1 преку Валентин Ронжие по асистенција од Брил Емболо во 22. минута.
Во продолжението Мец имаше шанси да се врати, меѓутоа не ги искористи и го претрпе деветтиот пораз во првенството.








