ВИДЕО: „Минималец“ на Милан на гости кај храбрата Монца

Фудбалерите на Милан ја надминаа кризата која ги тресеше во новата година, па запишаа трета во низа минимална победа, овојпат во рамките на 23. коло на Серија А кај Монца (0-1). Шампионот на Италија успеа со „минималец“ да потврди дека полека се враќа на посакуваниот победнички пат. 

  • Монца - Милан 0-1: 

Пресметката на „Бриантео“ се играше во одлична, гласна атмосфера, а „росонерите“ беа подобри уште од стартот. Првата закана на мечот ја имаше Рафаел Леао кој ја погоди стативата, па по него се обиде и Брахим Диаз, чиј удар го одбрани голманот. Резултатот во Монца го отвори Жуниор Месиас, кој во 31. минута искористи една мешаница и со убав удар од шеснаесетникот стрела за 0-1.

Во продолжението Милан играше сигурно, не ризикуваше премногу и мирно ги чекаше своите шанси. Можност да го реши натпреварот имаше Тео Хернандез кој заедно со Леао истрча контра, меѓутоа наместо да проигра, реши да шутира и го промаши голот. Финишот на мечот ѝ припадна на Монца, која успеа да се наметне, го стисна шампионот и имаше неколку полу-шанси, ама немаше сили за израмнување. 

Милан има 44 бода и во моментов е на третото место со меч повеќе од Аталанта и Рома кои имаат по 41, додека Монца е на средината на табелата со 29. 

Сампдорија тоне на табелата, откако попладнево загуби на домашен терен од Болоња со 1-2. Сориано и Орсолини ги постигнаа головите за гостите, а Сабири погоди за домаќините. 

Состави

Alessandro Nesta

3-4-2-1

    Пауло Фонсека

    3-4-2-1