ВИДЕО: Минималец и победа без примен гол - Атлетико „гази“ по стариот рецепт

Можеби не понуди спектакл како што најавуваше, но новиот Атлетико Мадрид на Диего Симеоне забележа победа без примен гол во првото коло на Примера. Со голот на Алваро Мората, на додавање на Англичанецот Трипие, вицешампионот го совлада градскиот ривал Хетафе со 1-0 (1-0).

Токму Мората имаше голема шанса за втор гол, но не реализира пенал на почетокот од второто полувреме. Тоа можеше да го казни Анхел, кој во 86. минута ја погоди пречката.

  • Извештај од натпреварот: 

Со многу позитивни вибрации за новата екипа дебитираше Жоао Феликс, најскапиот фудбалер во Примера ова лето. Двете екипи натпреварот го завршија со човек помалку, бидејќи црвени картони заработија Ренан Лоди и Хорхе Молина

Бетис на новиот тренер Руби на домашен терен загуби од Ваљадолид со 1-2, а головите за „виолетовите“ на Серхио Гонзалез ги постигнаа Серџи и Оскар Плано во второто полувреме