ВИДЕО: Минијатури на Барди и Алиоски, среќата ги чува Израелците

По агресивниот домашен почеток, Македонија ги имаше позрелите шанси за водство во Беер Шева.

Во 24. минута израелскиот голман Марсиано се испружи и со спектакуларна парада го одбрани прекрасниот удар на Барди. Точно на половина час од натпреварот Алиоски повлече контра, ја водеше топката 50 метри, биеше по земја, но топката сантиметри заврши крај дирекот на домашната селекција.  

Шансите на Барди и Алиоски против Израел:

Македонија на клупата ги има Трајковски, Тричковски и Стојановски и ако затреба селекторот ќе ги внесе во игра во вториот дел. 

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 9 7 1 1 15:3 12 22
2 АвстријаАвстрија 9 6 1 2 19:8 11 19
3 СловенијаСловенија 1 9 4 2 3 14:8 6 14
4 МакедонијаМакедонија 1 9 3 2 4 11:13 -2 11
5 ИзраелИзраел 9 3 2 4 16:17 -1 11
6 ЛетонијаЛетонија 9 0 0 9 2:28 -26 0