• Саше Љолес
Баерн Минхен успеа да ја совлада Бенфика со 1-0 во натпреварот од Лигата на шампионите, но резултатот и победата остануваат во втор план поради трагичните вести кои доаѓаат од Германија.
Мечот најпрво доцнеше поради проблем со сигнализацијата во минхенското метро и започна 15 минути подоцна, а веднаш по стартот се случи трагичен настан кој ја потресе јавноста. Еден навивач на Баварците колабираше на трибините и веднаш доби прва лекарска помош, но за жал потоа починал на патот кон најблиската болница.
Според првичните информации, навивачот доживеал силен срцев удар, а последиците за жал биле фатални. Баерн Минхен на својот клупски веб-сајт изрази длабоко сочувство за семејството на починатиот навивач.