ФОТО: Минхен на нозе, Кутињо пристигна да потпише договор во Баерн

Кутињо Баерн

Многу извесно беше дека Филипе Кутињо ова лето ќе ја промени играчката средина. Бразилецот воопшто не беше миленик на Ернесто Валверде, па реши да замине на позајмица во Баерн Минхен.

Денес тој пристигна во Германија за да стави потпис на договорот. Барселона ќе може да смета на него по крајот на сезоната, но се чини дека и тогаш ќе размислува за негова продажба.

Германскиот првак со овој потег ги стивна негодувањата на фановите, кои не беа задоволни од квалитетот на составот на Нико Ковач пред почетокот на бундеслигашката сезона.

Сите се во очекување на официјализацијата на еден од најинтересните трансфери во пресрет на остатокот од сезоната.