• Горан Упале

Пред почетокот на 115. издание на големото дерби меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, домашниот клуб му приреди посебна почит на својот најголем адут, Хари Кејн.
Англискиот напаѓач излезе последен на теренот и во рацете го носеше најпрестижното индивидуално признание во фудбалот, „Златната топка“, која во понеделникот ја доби за најдобар фудбалер во светот за 2026 година.
Потоа Англичанецот го зеде и микрофонот, заблагодарувајќи им се на навивачите за поддршката откако пред три сезони пристигна во Минхен од Тотенхем.
Кејн во Баерн пристигна без освоен клупски трофеј, но во меѓувреме ја наполни својата колекција со признанија, а сега ја освои и „Златната топка“. Единствената голема желба што му останува е да се искачи и на европскиот врв со трофејот во Лигата на шампионите.








