Минхен ќе мора да почека, финалето во 2023 година ќе се одржи во Истанбул

Истанбул

Пандемијата со коронавирусот спречи Истанбул да биде домаќин на овогодишното финале во Лигата на шампионите.

Протоколите и рестрикциите на турските наделжни органи ја натераа УЕФА да го премести мечот за титула. Манчестер Сити и Челзи ќе излезат на терен на 29 мај на „Драгао“ во Порто.

Турскиот град сепак ќе добие шанса да организира финале во елитното натпреварување. Многу веројатно е дека ќе го добие домаќинството од Минхен, кој првично беше планиран за мечот за титула во 2023 година.

Исто така Истанбул доби шанса да го организира и европскиот Суперкуп, меѓу победникот во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Секој од овогодишните финалисти ќе добие по 6.000 влезници на трибините во Порто.