Минамино ги помина лекарските прегледи и е блиску до потпис со Ливерпул

Минамино

Плејмејкерот на РБ Салцбург, Такуми Минамино, денес се наоѓа во Ливерпул каде ги помина лекарските прегледи.

Остануваат само детали за да се потврди трансферот кој „црвените“ ќе ги чини само 7,25 милиони фунти. Јапонскиот интернациналец ќе го засили тимот од „Енфилд“ и ќе стави потпис на договор оваа зима.

Неговото деби за екипата на Јирген Клоп би можело да се случи во третото коло од ФА Купот. Ливерпул ќе игра дерби против градскиот ривал Евертон.

Раководството на премиерлигашот смета дека зделката е одлична, со оглед на тоа што нивната проценка е дека Минамино вреди трипати повеќе од тоа што клубот го плаќа за него.

Јапонскиот интернационалец постигна девет гола на 22 натпревари во тековната сезона.