• Саше Љолес
Фудбалерите на Монако извојуваа минимален, но важен триумф над шампионот ПСЖ и славеа со конечни 1-0 (0-0) во натпреварот од 14. коло во француската Лига 1.
- Извештај од натпреварот:
Првото полувреме не понуди погодоци, но во вториот дел се тресеше гостинската мрежа, а стрелец беше Такуми Минамино во 68. минута од натпреварот.
ПСЖ повеќе ја држеше топката кај себе, имаше добри шанси преку Мајулу, Дембеле и Витиња, но остана со празни раце и мораше да се помири со неуспех на гостувањето во кнежевството. Вреди да се истакне и дека Монако беше со играч помалку од 80. минута, кога директен црвен картон доби Германцот Тило Керер.
„Светците“ од Париз остануваат лидери на табелата со 30 бодови, а Монако со оваа победа се врати на шестата позиција и сега има 23 бодови на своето салдо.






