ВИДЕО: Минамино човек на одлука, Монако славеше на гостувањето кај Ленс

Екипата на Монако успеа да извојува важна победа во 23. коло од француската Лига 1 и славеше со конечни 2-3 (1-2) на гостувањето кај незгодниот Ленс. 

Тимот од кнежевството имаше водство и по истекот на првото полувреме (1-2), а стрелци на головите беа Балогун и Минамино во 19. и 30. минута. Домашниот тим ја затресе мрежата преку Елие Вахи, но имаше минимална негатива на паузата. 

Вторите 45 минути одново донесоа многу возбуда за публиката, но на крајот се радуваа гостинските навивачи. Ленс не се предаваше и израмни на 2-2 во 77. минута преку Весли Саид, но гостите од Монако успеаја до крајот да го освојат целиот плен. Човек на одлука беше Минамино, кој го постигна својот втор гол во 92. минута и ги постави конечните 2-3. Гостите заслужено дојдоа до триумф, а вреди да се напомене дека претходно Балогун промаши и пенал во 82. минута од мечот.   

Монако сега има 41 бод и се врати на третата позиција на табелата, додека Ленс е шестопласиран, со пет бодови помалку од денешниот ривал.