ВИДЕО: Мина го шокира Мадрид, Реал киксна по пет победи во низа

Реал Мадрид ги разочара своите фанови и одигра реми (2-2) во дуелот против Селта Виго во кој важеше за голем фаворит. По 24 кола во Примера, само еден бод ги дели големи ривали и тоа на две недели до меѓусебниот дуел во Мадрид.

  • Извештај од натпреварот:

На „Сантијаго Бернабеу“ домаќините направија пресврт, меѓутоа не издржаа до самиот финиш. Со ремито на домашен терен фудбалерите на Зинедин Зидан ја прекинаа добрата низа во Примера која беше пет победи во низа и сега Барселона дојде на еден бод од лидерот.

Што се однесува до натпреварот, Селта Виго поведе на големо изненадување уште во 7. минута, кога Аспас го проигра Смолов, а тој го надмудри Куртоа. Гостинот имаше предност на паузата, а на самиот старт на вториот дел Тони Крос изедначи на 1-1.

Во 65. минута „кралевите“ добија пенал кој во гол го претвори Рамос, а кога сите чекаа мирен финиш, напаѓачот Санти Мина одлично се отвори во празно, доби додавање од Суарез и погоди елегантно.

Реал Мадрид е на врвот со 53 освоени бода, пред Барселона со 52, додека Селта со освоениот бод кај фаворитот избега од зоната за испаѓање.