• Мартин Танасковски

Екипата на Македонија ЃП го продолжи патот во Купот на Македонија. Во највозбудливиот натпревар од 1/16-финалната фаза „лавовите“ по пенали ја победија струмичка Беласица (2-2 регуларен дел, 5-4 конечен резултат), а трагичар во серијата беше капитенот на домашниот тим Александар Милушев.
Натпреварот започна според планот на „лавовите“, затоа што во 33. минута Марио Станковски убаво го проигра Кире Маркоски, а тој донесе предност за тимот на Бобан Грнчаров. Сепак, стартот на вториот дел ги расипа импресиите, а струмичани преку Митров и Стојанов напресвија пресврт. Се играше 79. минута кога од најстрога казна искусниот Крсте Велкоски донесе 2-2 и така натпреварот замина на пенали.
Во рулетот, изведувачите беа сигурни во првите три серии. Јовов, Христовски и Војнески погодија за Беласица, а Христов, Велкоски и Стојчевски за Македонија ЃП. Потоа реализира и Глигоров за Беласица, па Темелков за Македонија ЃП (4-4). Во петтата серија, капитенот Милушев го префрли голот, па така Размоски стави печат на победата на „лавовите“.
Од Втората лига, во следната фаза покрај Македонија ЃП патуваат уште Арсими, Брегалница и Детонит Плачковица, додека сите прволигаши освен Работнички си ја завршија задачата - тоа се Воска Спорт, Пелистер, Вардар, Шкупи, Брера, Шкендија, Беса, Силекс и Струга ТЉ. Тиквеш е во нарендата рунда како бранител на Купот.