Миловановиќ се врати на тренинзите на Академија Пандев

Екипата на Академија Пандев доби еден фудбалер од повредените назад на своите тренинзи, затоа што во тренажен процес е Даниел Миловановиќ.

Офанзивецот легна „под нож“ за да ја санира повредата на препоните која го мачеше подолго време и беше во аут речиси два месеци. Но, сега се е во ред со него и тој се стави на располагање на тренерот Југослав Тренчовски.

Ристе Темелков, Ѓорги Танушев и Стефан Костов се уште тренираат одвоено, а нивното враќање во екипата се очекува до крајот на оваа репрезентативна пауза.