Милован Петровиќ потпиша за шампионот на Црна Гора

По само шест месеци минати во својот втор мандат во Работнички, поранешниот репрезентативец на МакедонијаМилован Петровиќ пак ќе игра надвор од границата на нашата земја. Фудбалерот за врска кариерата ќе ја продолжи во Црна Гора.

Петровиќ потпиша едногодишен договор со црногорскиот првак Сутјеска и заедно со поранешниот член на Вардар, Дамир Којашевиќ се најголемите засилувања на клубот од Никшиќ ова лето. 

29-годишниот Петровиќ во кариерата настапуваше Тиквеш, Победа, Осијек и Лариса.

Македонскиот фудбалер за врска нема да биде пријавен за натпреварот во вторник против АПОЕЛ Никозија, но во следната рунда на Лигата на шампионите или Лига Европа ќе дебитира за црногорскиот шампион.