Милојевиќ издржа само два месеци, АЕК го смени српскиот тренер

Поранешниот грчки шампион, атински АЕК остана без тренер уште на почетокот од сезоната во грчката Суперлига. Србинот Владан Милојевиќ повеќе не е тренер на АЕК, откако спогодбено го раскина договорот со клубот.

Поранешниот тренер на Црвена Звезда дојде во Атина во јули оваа година и седеше на клупата на „жолто-црните“ само на седум официјални натпревари. Со три победи, еден пораз и едно реми во домашниот шампионат и европска елиминација од Вележ, во првото квалификациско коло во Лигата на конференции, неговиот биланс е половичен.

Пред да дојде во АЕК, Милојевиќ ги водеше Јавор, Чукарички, Омонија, Паниониос, Црвена звезда и Ал-Ахли.