• Горан Упале
Тренерот на Црвена Звезда, Владан Милојевиќ, ги сподели своите впечатоци по ремито на Кипар против Пафос, по кое неговиот тим остана без пласман во лигашкиот дел од Лигата на шампионите.
Милојевиќ ги коментираше сите настани како „шокантни“, напоменувајќи дека нивото било на селска лига.
„Шокантно. Целиот натпревар беше еден вид на тепачка, имаме двајца претепани играчи. Видовте, тие не сакаа да ни ја дофрлат топката. Ова е на ниво на селска лига. Не барам алиби, ова се факти. Одиме во Лигата на Европа и ќе се бориме. Има играчи кои играа со сериозни повреди, како што е Раде Круниќ кој доби три инјекции. Пафос се пласираше понатаму, но ако игра вака и во Европа, со вакво однесување - тогаш на Европа тоа и ѝ треба“, рече тренерот на Црвена Звезда.
Црвена Звезда по оваа елиминација се сели во Лига Европа, а своите противници за лигашкиот дел ќе ги дознае во петок.




