• Горан Упале
Тренерот на Црвена звезда, Владан Милојевиќ, се обрати до медиумите на прес-конференција по повод натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите против Барселона.
Шефот на стручниот штаб на српскиот тим се осврна на повеќе теми, а секако најмногу зборуваше за квалитетите на шпанскиот великан.
„Во овој момент се соочуваме со тим кој секако е најдобар во Европа. Ова е најдоброто натпреварување во светот. Играме против тим кој е на својот врв во сите фази од играта. Барса игра со инспирација и ентузијазам.
Играат со голема самодоверба, имаат многу млади играчи. Тренерот секако донесе нешто свое. Немаат многу маани, добро ги анализиравме и ќе се обидеме да им се спротивставиме на најдобар можен начин пред полните трибини во Белград. Барселона нема да нè изненади, бидејќи во сите фази игра добро и максимално организирано“, рече Милојевиќ.
По три одиграни кола Барселона има шест бода, додека Црвена Звезда сè уште чека на својот прв бод.