• Сашо Поповски


Ајнтрахт и Дортмунд се меѓу многуте претенденти за местата кои водат во Лигата на шампионите. Тимот од Франкфурт моментално го држи четвртото место во Бундеслигата со бод предност во однос на ривалите, благодарение на одличните резултати во претходните пет кола (четири победи и пораз против Бохум).
Сите квоти на MOZZART за натпреварите од Бундеслигата >>>
Натпреварите што тимот ги одигра во последните две кола, против Леверкузен и на гости во Менхенгладбах, даваат реална надеж дека би можело таа серија да се продолжи по два последователни неуспеси во дуелите со „милионерите“. Што се однесува до избраниците на Един Терзиќ, тие беа поразени на последните три првенствени гостувања, па сега имаат најлош учинок на гости од сите клубови од горната третина на табелата и тоа секако ги загрижува нивните навивачи, а според логиката на нештата, двојката е далеку на овој дуел.
Сите квоти на MOZZART за натпреварот Ајнтрахт Франкфурт - Борусија Дортмунд >>>
И кадровската ситуација во Дортмунд не оди добро, бидејќи на напаѓачот Себастијан Але, кој претходно беше болен, и повредениот централен играч за врска Мамуд Дахуд, им се придружија десниот бек Том Мениер (фрактура на јаболчната коска), напаѓачот Доњел Мален (грип) и – треба да кажеме „секако“ или „за жал“ – капитенот и „моторот“ на тимот, Марко Ројс, кој веднаш по враќањето на теренот ја обнови повредата на скочниот зглоб. Точно е дека Терзиќ има разновиден и квалитетен играчки кадар во кој по форма водат „младите лавови“ Џуд Белингам (19) и Јусуф Мукоко (17 години) и кои би можеле да им парираат на „црвено-црните“, како што беше случај против Манчестер Сити во вторникот во Лигата на шампионите, ама и тука сметаме дека кецот не е загарантиран, но головите секако се.
За тоа сведочи фактот што само еден од изминатите 12 директни натпревари не заврши ГГ, тоа беше во февруари 2020 година во Дортмунд, а повеќето од нивните пресметки беа ГГ3+. Така треба да биде и во сабота навечер.