• Сашо Поповски

Лацио вечерва гостува кај Феенорд, во последното коло од групната фаза во Лига Европа. Тимот на Маурицио Сари има потреба од еден бод, за да го обезбеди пласманот во следната фаза од натпреварувањето.
Овој натпревар ќе биде нова можност за Сергеј Милинковиќ-Савиќ да го достигне голгетерскиот рекорд во сопственост на Мирослав Клосе и Горан Пандев. Тие се најдобри стрелци меѓу странците кои некогаш го носеле дресот на тимот од „вечниот град“.
Македонскиот голгетер ја заврши кариерата во Лацио со 64 погодоци, колку што зад своето име запиша германската фудбалска легенда. Србинот вечерва ќе може да ја достигне оваа граница и да продолжи да испишува историја со клубот каде игра седум години.
Натпреварот меѓу Лацио и Феенорд е закажан за денес со почеток од 18:45 часот.