ВИДЕО: Милинковиќ-Савиќ клоцна противник во задникот, па доби директен црвен картон!

Српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ направи голема глупост на натпреварот меѓу Лацио и Киево поради која доби директен црвен картон и му беше покажан патот кон соблекувалната.

Фудбалерот од средниот ред по еден дуел со член на „летечките магариња“ ги загуби нервите, па откако беше оттурнат, реши да врати во ист стил, па го клоцна по задникот.

Судијата сето тоа го забележа, па му го покажа патот кон соблекувалната. Лацио е во голем проблем на натпреварот против фенерџијата Киево, затоа што губи и се наоѓа пред пораз.