Милинковиќ-Савиќ искрен: Тоа се новинарски приказни, не сум рекол дека сакам во Јунајтед! 

Еден од најдобрите српски фудбалери, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ова лето беше поврзуван со трансфери во повеќе европски гиганти, а најблиску до неговиот потпис бил тимот на Манчестер Јунајтед. 

Наводно, Лацио на својата адреса примила понуда од Јунајтед од 75 милиони евра за услугите на својот офанзивец, но до тој трансфер не дојде, а „СМС“ се реши јавно да проговори и да ги демантира сите пишувања низ медиумите ова лето.

„Никогаш не сум рекол дека сакам да го напуштам Лацио. Никогаш не сум ни спомнал трансфер во Јунајтед. Не зависи тоа само од мене. Што ќе донесе иднината никој не знае, за тоа не сакам да зборувам предвреме“, рече српскиот ас. 

Милинковиќ-Савиќ во 2015 година се пресели во Лацио од Генк за трансфер вреден 18 милиони евра, а досега за небесно-сините има идиграно 138 натпревари во кои постигнал 31 гол.