Милинковиќ-Савиќ го одби Пикси, дали ќе заигра пак за Србија?

Фудбалерот на Ал Хилал, Сергеј Милинковиќ-Савиќ ја одби поканата од селекторот на Србија, Драган Стојковиќ, да се врати во националниот тим за натпреварите од плеј-офот за опстанок во Лигата А на УЕФА Лигата на нации против Австрија.

Како што пренесува „MaxBet Sport“, искусниот играч за врска дал негативен одговор откако добил повик од Белград. Барем кога се во прашање натпреварите со Австријците. Популарниот СМС наводно не е подготвен да се врати меѓу „орлите“ за кои забележа 53 настапи.

Милинковиќ-Савиќ за Србија нема играно од Европското првенство во Германија, ја пропушти цела групна фаза од Лигата на нации, па нема да биде ниту во баражот. Дали ќе се врати во јуни кога ќе започнат квалификациите за Светското првенство, останува да видиме...

  • Списокот на Србија за плеј-офот: