ВИДЕО: Милиметри поништија „ножички“ на Кавани, Ривер слави на гости кај Бока

Аргентинското „Супер-класико“ ѝ припадна на екипата на Ривер Плата, која се радуваше на гостувањето кај Бока Јуниорс со 0-2 (0-1). Од глава му се одби на тренерот Алмирон фактот дека калкулираше и штедеше дел од стартерите за реваншот во полуфиналето во Копа Либертадорес против Палмеирас. 

  • Извештај од натпреварот: 

Големото дерби во Аргентина се одигра пред полните трибини на „Бонбоњера“, ама фановите немаа многу причини за радост на оваа средба. Првото полувреме беше симултанка на Ривер кој лесно излезе на крај со комбинираниот состав на ривалот. Во финишот на полувремето предност донесе Саломон Рондон (0-1), за потоа гостинот да се брани. 

Во продолжението работите на теренот се променија, Бока тргна со неколку измени и веднаш успеа да се наметне. Шансите пред голот на Ривер се редеа, а еднаш се тресеше и мрежата. Единсон Кавани успеа атрактивно со „ножички“ да погоди за Бока, меѓутоа милиметарски офсајд го поништи голот кој ги крена трибините на нозе. 

  • Поништениот гол на Единсон Кавани:

Доминацијата на Бока беше јалова, па за тоа стигна казната. Премногу отворениот домаќин прими уште еден гол, бидејќи Диаз стави точка на победата во 96. минута (0-2).