• Иван Димовски
Фудбалерите на Јувентус ја забележаа четвртата победа во подготовителниот период.
„Старата дама“ во Перт беше подобра од поранешниот прволигаш Палермо со 2-0 (1-0). Тимот од Торино стигна до сигурна победа со по еден гол во двете полувремиња. За овој меч Лучијано Спалети одбра силен состав, па неговите избраници ја оправдаа довербата против тимот кој се натпреварува во Серија Б.
Палермо парираше до пред крајот на полувремето, но тогаш Кенан Јилдиз го пронајде патот до мрежата за 1-0. Овој резултат беше активен долго и не се менуваше. По серијата промени на двете страни, во завршницата точка на победата стави Аркадиуш Милик.
- Извештај од натпреварот:
Полскиот напаѓач кој мака мачеше со повреди успеа да даде гол по огромна пауза. Последен пат пред денешниот меч Милик стрелаше на 20 мај 2024 година во ремито на Јувентус против Болоња (3-3) во Серија А.









