Милевски: Задоволен сум кога ќе подвлечеме црта на овие два меча

Фудбалската репрезентација на Македонија го заврши март со две победи на два меча. Се славеше над Малта (2-1) во квалификациите за ЕП 2024 и над Фарски Острови (1-0) во контролен натпревар, по кои селекторот Благоја Милевски даде коментар на настапот.

„Најважно од овој меч ми беше да го видам менталниот и психолошки момент, за да бидам сигурен дека навистина идеме во таа насока каква што јас ја замилсувам и како би требало да функционираме. Кога ќе подвлечеме црта на овие два меча, без разлика што овој беше контролен, пристапот на играчите, желбата, ентузијазмост, енергијата која ја покажаа, посебно на овој денешниот, ме прави задоволен и тоа ми е во овој момент најважно, како одлична основа за она кое ни следи во јунскиот прозорец“, изјави Милевски.

Во месец јуни Македонија ја чека еден домашен и еден гостински предизвик. Домашниот е против Украина закажан на 16 јуни, а три дена подоцна, на 19 јуни, националниот тим гостува на „Олд Трафорд“ во Манчестер кај Англија.