• Зоран Мишевски
Ниту во третиот пријателски натпревар Македонија не ја совлада Саудиска Арабија, но остави измешани вибрации во поразот во Прага (2-1). Двете репрезентации имаа свои моменти, креираа многу шанси и постигнаа прекрасни голови,
По натпреварот селекторот ги анализираше деведесетте прашки минути, со перспектива за неделниот натпревар во Скопје против Лихтенштајн.
„Секако дека има моменти кои ме прават да бидат задоволен посебно што експериментиравме со составот. Добивме плус двајцаа играчи кои ќе ја зголемат конкурернцијата во тимот, јас напоменав дека важен ни е мечот со Лихтенштајн, а се останато е подготовка. Одигравме добар дуел со квалитетен противник, среќен сум што може да работам со вакви фудбалери. Се адаптираат сите на промена на формацијата и задачите. Со Лихтенштајн ќе бидеме максимални, како и на секој натпревар“, рече селекторот.
Вечерва по 22:00 часот нашата репрезентација се враќа во Скопје и од утре ќе започне да го подготвува дуелот со Лихтенштајн во петтото коло од мундијалските квалификации. Натпреварот се игра в недела од 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“.














