Говор на Милевски во соблекувална: Не се радувате на бод со Англија, тоа ќе нѐ води напред... (ВИДЕО)

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, одржа говор по ремито со Англија (1-1) во соблекувалната и им честита на играчите за карактерот и за постигнатото.

Според зборовите на предводникот на А-тимот, играчите делувале незадоволно затоа што пред 30.000 навивачи освоиле бод со Гордиот албион. Имаше само едно да им порача - „Вие бидете такви какви што сте, а јас така ќе бидам мирен“.

Договорот на Милевски со ФФМ истекува во септември, но се најавува дека двете страни наскоро ќе ја обноват соработката.

Состави

Благоја Милевски

3-5-2

    Герет Саутгејт

    4-2-3-1