Милевски: Секоја чест за Елмас, со таква повреда се жртвуваше за Македонија!

Селекторот Благоја Милевски не го криеше задоволството по новата победа на неговите избраници во Лигата на нации. Македонија со минимални 1-0 ја совлада Летонија и го потврди првото место во групата и пласманот во Б сегментот во Лигата на нации. 

По средбата во Скопје, Милевски истакна дека целта е остварена, но за нив ништо не е завршено и дека против Фарски Острови одат на нов триумф. 

„Како што најавив претходно, знаевме дека ова ќе биде многу поразличен и потежок натпревар од оној во Рига. Таа моја прогноза се оствари. Но, мислам дека трпението и истрајноста кај момците вроди со плоди заслужено славевме нова победа. Можеби требаше да постигнеме уште некој гол и да славиме со поголемa разлика. Нашата цел е остварена, Македонија ќе игра во Б сегментот во Лигата на нации.

Сега нашата нова цел е да извојуваме победа и над Фарски Острови и да се надеваме на втор бараж за Светско првенство. Немаме притисок, само мотив плус за да испишеме нова историја и да го повториме успехот од пред две години. Македонија чекори по вистинскиот пат, потребни ни се три бода на последниот натпревар и потоа ќе ја погледнеме табелата“, кажа Милевски.

Селекторот се осврна и на повредата на Елмас, кој натпреварот го заврши уште во првото полувреме. 

„Секоја чест за Елмас. Со таква повреда не го штедеше своето здравје и имаше желба да настапи. Тоа е само доказ колку овие момци ја сакаат репрезентацијата и не се штедат кога го носат овој дрес“, рече Милевски.

Средбата против Фарски Острови се игра в недела, со почеток од 15:00 часот. 

Состави

Благоја Милевски

4-3-3

    Паоло Николато

    3-5-1-1