Милевски: Сега сите мора да останат цвсто на земја, еден меч не носи ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година заблежа висока победа на стартот на квалификациите за ЕП 2021 против Фарски Острови (7-1), а по натпреварот, стратегот Благоја Милевски беше задоволен од прикажаната игра и од резултатот.

По дуелот, селекторот истакна дека оваа генерација прикажала феноменален натпревар и потенцира дека се одиграло онака како што се замислило. Седумте гола во мрежата на Фарски Острови радуваат, но исто така треба да се остане и цврсто на земја.

„Честитки до моите играчи, одиграа феноменален натпревар, без разлика што се случуваше на терен и без разлика на резултатот кој вели дека победата е лесна. Одигравме онака како што замисливме и секогаш е убаво кога едни квалификации ќе се дојдат до оваа победа. Имаме уште простор за напредок. Не очекуваат два меча во октомври, имаме време да ги средиме сите репрезентативци, како Миловановиќ и Фазлагиќ кои не беа со нас. Не очекувавме ваква лесна победа, според анализите видовме нешто друго. Овој резултат нека биде еден мотив плус за понатаму и со поголема самодоверба да одиме на мечевите со Црна Гора и Казахстан“, изјави Милевски.

Следниот натпревар за Македонија од квалификациите за ЕП 2021 е во октомври, на гости во Црна Гора.