Милевски против непобедливата Ерменија ќе дебитира на клупата на Македонија

Фудбалската селекција на Македонија доби нов предводник. Боби Милевски е наследникот на Игор Ангеловски, откако популарниот Мрме по настапите на Европското првенство го заврши својот ангажман во репрезентацијата.

На денешниот управен одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), беше донесена одлука Боби Милевски да ја добие довербата и да ја води нашата насилна фудбалска селекција. 

Неговиот прв вистински предизвик како селектор на А-репрезентацијата ќе биде натпревар во рамки од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година, и тоа против Ерменија, селекција која што нам ни е добро позната и е без пораз во првите три кола.

Натпреварот против Ерменија, на кој сме домаќини, е закажан за втори септември.