Милевски: Победата е заслуга на фудбалерите, овој тим се роди по дебаклот во Манчестер

По долг пост на гостувањата македонската фудбалска репрезентација извојува победа и се зацврсти на првото место во групата на Лигата на нации. По пет години пак е победена Летонија во Рига, сега со уште поубедливи 0-3 и со одлични индивидуални потези на нашите фудбалери за врска.

Селекторот Благоја Милевски на прес-конференија го пофали тимскиот дух и карактерот на оваа селекција.

„Задоволен сум од резултатот, од пристапот и од желбата на нашите момци. Од играта во одредени моменти не сум задоволен, но најважен е резултатот, а сите аномалии ќе ги решаваме во од. Имавме картони, повреди и вирус, но исконтролиравме и победивме. 

Ова е победа на фудбалерите, тие се заслужни, иако ние пред натпреварот имаме план А, Б и Ц. Почнавме да го градиме овој натпревар по оној пораз од 7-0 во Манчестер и добива физиономија како што сакам јас да изгледа мојот тим. Секогаш тежнеам за нешто повеќе, но работата на тимот полека дава резултати“, рече селекторот.

Милевски посебно пофали неколку индивидуалци, Елмас и Ќамили пред сите останати. 

„Елмас заслужува поголем респект од сите нас, посебно од оние кои не му мислат добро на националниот тим. Тој никогаш не кажал НЕ за Македонија. Тој секогаш ќе ја има мојата поддршка. Потенцијалот на Ќамили ни треба и полека се адаптира на тимот и ја оправдува довербата. Ни недостигаше таков тип на фудбалери. Одигра одлично во напад и во одбрана, го краси тактичка дисциплина“, заврши Благоја Милевски.

Утре околу пладне со чартер лет од Рига за Ереван, македонската селекција ќе се префрли на својата втора октомвриска дестинација, дуелот во Ерменија

Состави

Паоло Николато

5-4-1

    Благоја Милевски

    4-3-3