Милер: Никогаш немало расизам во германската репрезентација

Германскиот репрезентативец и фудбалер на Баерн Минхен, Томас Милер, ги демантираше наводите на Месут Озил и германската јавност дека пости расизам во националниот тим. Озил неодамна се повлече од германскиот национален тим, бидејќи според него постои расизам во и околу репрезентацијата.

„Ситуација се вжешти однадвор и медиумите го кренаа случајот на повисоко ниво. За нас играчите тоа не беше ништо посебно. Би сакал да ја завршиме дебатата и да се концентрираме на фудбалот, бидејќи расизам во националниот тим никогаш не постоел“, рече Милер.

Германските репрезентативци со турско потекло Месут Озил и Илкај Гундоган се фотографираа со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во текот на изборната кампања. Тоа предизика жестоки критики кон двајцата фудбалери, а Озил по лошиот Мундијал одлучи да се повлече од германската репрезентација.