ВИДЕО: Милер го прослави рекордот со гол, Баерн слави против Фрајбург

Фудбалерите на Баерн Минхен се радуваа на триумф од 2-0 (1-0) против Фрајбург во рамките на второто коло на Бундеслигата. Првиот домашен меч на баварците на „Алијанц Арена“ понуди два погодоци и рекорд на Томас Милер. Ветеранот влезе од клупата во вториот дел и го запиша 710 настап за Баерн, а со тоа влезе во историјата како фудбалер со најмногу одиграни натпревари. 

  • Баерн Минхен - Фрајбург 2-0:

Околу самиот натпревар, на водечки гол се чекаше до пред полувремето. Тогаш Хари Кејн беше сигурен егзекутор на најстрогата казна и Баерн поведе со 1-0 во 38. минута.

Во вториот дел стадионот му се поклони на „кралот“ Милер кој влезе во клупската историја. Тој успеа да го „зачини“ овој меч и со погодок, откако во 78. минута погоди по асистенција од Гнабри за 2-0. Во последните секунди Холер промаши пенал за гостинската екипа.

Претходно во попладневниот термин Хајденхајм го декласира Аугсбург со 4-0 (2-0), со што ја впиша втората победа и остана без примен гол по две рунди. 

  • Хајденхајм - Аугсбург 4-0:

Стрелци за домаќинот беа Ванер и Сиенца во првиот дел, а Бек и Бреуниг погодија во продолжението.

Состави

Винсент Компани

4-2-3-1

    Јулиан Шустер

    4-2-3-1