Милер ги пропушта двата меча против Ливерпул поради крвничкиот старт во Амстердам!

Милер казна

Гермaнскиот фудбалер Томас Милер нема да биде дел од екипата на Нико Ковач за осминафиналниот дуел од Лигата на шампионите против Ливерпул.

Причината е казната од страна на УЕФА за црвениот картон на дуелот со Ајакс, на кој офанзивниот фудбалер на Баерн Минхен стартуваше невнимателно врз главата на Николас Таљифико. 

29-годишникот по мечот изјави дека немал никаква лоша намера при стартот, но УЕФА не го поштеди и му изрече казна од два натпревари пауза.

Баварците се незадоволни од оваа одлука на европската куќа на фудбалот и најавија дека ќе поднесат жалба за намалување на казната.