• Саше Љолес
Баерн Минхен извојува голема и убедлива победа со конечни 1-5 (0-2) на гостувањето кај Унион Берлин во рамките на 30. коло од германската Бундеслига. Избраниците на Томас Тухел го најавија триумфот уште по првите 45 минути, а до крајот на мечот само го дотолчија ривалот од главниот град.
Леон Горецка и Хари Кејн стрелаа за Баварците во првиот дел, а во второто полувреме точка на триумфот ставија Матијс Тел и ветеранот Томас Милер, кој беше автор на два погодока. Вреди да се истакне голот на Кејн, кој ја затресе мрежата со спектакуларен слободен удар од 25 метри. Единствениот погодок за домаќините го постигна Јорбе Вертесен, кој стрелаше прецизно дури во 90. минута од натпреварот.
Конечните 1-5 беа вистински приказ за случувањата на теренот, но овој триумф не менува многу на табелата, затоа што Баерн уште во минатото коло ги загуби сите шанси за титулата и му го препушти тронот на Баер Леверкузен.
- Извештај од натпреварот:
Унион Берлин останува на само 29 бода и во следните четири кола ќе мора добро да се испоти за да го обезбеди опстанокот во елитното друштво.