• Мартин Танасковски
Поранешната ѕвезда на Баерн Минхен, Лотар Матеус, му препорача на ветеранот Томас Милер да ја продолжи кариерата во САД.
35-годишниот Милер ќе го напушти Баерн во јуни, откако клубот реши да не му понуди продолжување на договорот по речиси 25 години соработка.
„Не е моја работа да го советувам, но Милер има толку многу можности, особено во странство. Можам многу добро да го замислам во МЛС-лигата во САД, јас имам искуство таму“, рече Матеус.
Томас Милер игра за Баерн Минхен од 2007 година и со неговото заминување се става крај на една голема ера во германскиот фудбал.